БУГАРИЈА СО РЕКОРДНИ 12.399 НОВОЗАРАЗЕНИ Над 3.000 од нив се во Софија
Само 30 отсто од седум милиони Бугари досега се вакцинирале. Во последните 24 часа починале 73 лица, а од почетокот на пандемијата 32.689. Над 38 отсто од учениците се префрлија на онлајн настава и се размислува да им се продолжи распустот.
Бугарија денеска пријави рекордни 12.399 нови случаи на новозаразени со коронавирус за еден ден, покажуваат официјалните податоци, при што повеќето случаи се предизвикани од новиот омикрон-сој. Бугарија, која има вакцинирано помалку од 30 отсто од своите седум милиони жители, забележа уште 73 смртни случаи во изминатите 24 часа.
Во болниците има 5.347 лица, од кои 523 се на интензивна нега. Според најновите податоци, бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Бугарија надмина 903.000, а починале 32.869 лица. Најмногу новозаразени има во Софија – 3.199 лица.
– Неодамнешниот скок на бројот на деца со позитивен тест за коронавирус ги поттикна бугарските власти да размислат за продолжување на еднодневниот одмор на девет дена, почнувајќи од 29 јануари – рече бугарскиот министер за образование.
Над 38 отсто од учениците се префрлија на онлајн настава, додека рестораните, кафулињата и баровите во главниот град Софија од утре ќе треба да работат со 50 отсто капацитет и до 22 часот.