БУГАРИЈА САКА ДА НАПРАВИ БУГАРИ ОД ГОРАНЦИТЕ И БОШЊАЦИТЕ Словенечки институт укажува на целите на агресивната кампања на Софија на Косово
Бугаризацијата на Косово, истакнуваат во ИФИМЕС, е засилена токму поради пописот, а следниот чекор е да ја вклучи бугарската заедница во уставот, како што веќе се бара од Република Северна Македонија.
Додека тензиите меѓу Србите и Албанците се во пораст, Бугарија ја користи моменталната ситуација на Косово за да „најде“ што повеќе Бугари на Косово и да им даде државјанство, пишува во анализата „Војна со дезинформации“ на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС со седиште во Љубљана во Словенија.
Анализата наведува дека Косово не е подготвено да спроведе попис на населението во согласност со стандардите на ЕУРОСТАТ во периодот од 1 ноември до 15 декември 2023 година, кој како статистичка операција е од важност за да се соберат веродостојни податоци и врз основа на кои би можел да се планира идниот развој.
Иако, според методологијата на ОН, при пописот на населението не е задолжително да се изјасни етничката и верската припадност на територијата на Косово, но и во регионот, оваа декларација е од најголем интерес.
Особено на удар се Горанците и Бошњаците, чиј број значително ќе се намали поради агресивноста на Бугарија, која од нив создава „нови Бугари“ токму со доделување државјанства и бугарски документи.
Бугаризацијата на Косово, истакнуваат во ИФИМЕС, е засилена токму поради пописот, затоа што Бугарија сака преку пописот да го легализира присуството на Бугарите во структурата на косовското население, а следниот чекор е да ја вклучи бугарската заедница во уставот, како што веќе се бара од Република Северна Македонија. Целта е Бугарите и официјално да станат еден од т.н. немнозинските заедници во Косово, заклучуваат авторите на анализата.