,,БУГАРИЈА РАТОВАЛА, УВЕК НАЈЕБАЛА ПА ХИТЛЕРА ЗВАЛА“ Нов македонски одговор на бугарските навреди од Устата

Директорот на Канал 5 и новинар Иван Мирчевски на шеговит начин преку социјалната мрежа LinkedIn му одговара на Устата при што во сатирата користи историски ситуации кои навистина се случиле.

3,034

Нов македонски одговор на навредливата рап песна на бугарскиот рапер Устата кој се обиде да ги понижи македонците и Македонија со музичка рима.

Директорот на Канал 5 и новинар Иван Мирчевски на шеговит начин преку социјалната мрежа LinkedIn му одговара на Устата при што во сатирата користи историски ситуации кои навистина се случиле.






,,Текстот на песнава е козерија/иронија/фикција, и доколку ми се закани некој Македонец – веднаш ќе изјавам веднаш дека сум Бугар, доколку ми се закани Бугарин-јас ама ич не се мислам да се изјаснам како Грк, а доколку дојде закана од Србин – изјавувам дека сум Албанец. Па да видиме од која земја ќе слета авион и ќе ме собере!“

Песната оди вака…

Ko to kaže, ko to laže, Bugarska je mala,
nije mala, nije mala, triput ratovala

ratovala, ratovala uveka naje*ala,
ratovala, ratovala pa Hitlera zvala

nije mala nije mala, od komšije krala,
nije mala nije mala, avione slala

otvarala, otvarala, klubove belaja,
i nije dala nije dala , komšijama prava

ratovala, ratovala uveka naje*ala,
ratovala, ratovala pa Hitlera zvala

Изминативе денови гледам разни обиди на наши сатиричари , твитерџии и водители за некаков „одговор“ на некој Бугарски рапер кој се претставува како Раката, Главата, Ногата…или Устата, што е сосема неважно, кој направил рап песна посветена на Македонија , со текст кој да го пишувал самиот нивен крал Борис III-ќи ( можеби момчето е реинкарнација на познатиот Бугарин – Борче од Втората Светска Војна ).
Но…

1. Мора да се признае дека момчето Иван Динев ( Раката Десната -Устата ) направил одлична музичка рима, а за оние кои не знаат – музичката форма Рап во своите корени претставува бунт, фрустрација, револт – кој Раката Десната го препеал во својот текст.

2. Да, текстот е асимилаторски, навредлив за нас Македонците и нашите сограѓани…но зошто не го гледаме токму така како што сакал нашиот , македонски син – Гоце Делчев? – Како поле за културен натпревар меѓу народите!

3. За жал многумина од нашите ни источни соседи, да не се залажуваме – не се тоа само политичарите, туку и многу новинари и голем број останати истакнати општествени работници имаат извитоперени гледишта на и за историјата на соседна земја, што пред се’ зборува за Бугарското општество – не за нас. Аналогијата на нивниот однос би бил ист кога некој од нас Македонците појде кај својот сосед една улица или еден кат подолу и да почне да му ги негира неговите родители ( па уште да му вели дека се браќа од исти родители ), роднини, и сето тоа да стане една наша општа опсесија која преминува во хистерија. Овие луѓе треба да ги сожалуваме, затоа што им се смее сета европска и светска историска елита, што впрочем се гледа во која ситуација и се доведени.

Затоа, на ваков (не)културно -музички обид на Раката Десната или како веќе му беше прекарот… Устата, треба да се насмееме слатко,затоа што од неговите одлично напишани и склопени рими блика само фрустрација, а ние ако сме подготвени – треба да не го/ги забележуваме или пак културно-музички да му одговориме.

Затоа и се сетив на една „големосрпска“ песна , а особено поради фактот што Бугарите се опседнати дека ние сме „диригирани“ од Белград ( претпоставувам тоа е еден вид на крик од немоќ како реакција-фрустрација за нивната контрола која можеби доаѓа од Москва).

Горекреираната песна оригинално се вика „Ко то каже, ко то лаже Србија је мала?“, пишува во сатиричниот одговор до бугарскиот рапер директорот на Канал 5 Иван Мирчевски.

Предходно на Устата со свој рап му одговори и водителот Богдан Илиевски алијас Бетмен велит.

НЕ ТИ ПРЕЧИ МОЈОТ ЈАЗИК, ТУКУ ТОА ШТО СУМ ЖИВ Бетмен Велит му ја затна устата на бугарскиот рапер (ВИДЕО)

Поврзани содржини