БУГАРИЈА ПРЕД ЛОКДАУН Епидемиолошката ситуација опасно влошена

Бугарскиот министер за здравство смета дека здравствениот систем во моментов функционира подобро, бројот на хоспитализации е помал од претходно, но состојбата во одделенијата за интензивна нега е критична.

960

Министерот за здравство на Бугарија Стојчо Кацаров денеска изјави за БТВ дека воведувањето „локдаун“ е опција која „со сигурност“ се разгледува.

Кацаров појасни дека нема конкретен број за болните што ќе се земе предвид за ваквата одлука, а ќе биде врз основа на оценката на целата популација, тенденциите и преоптовареноста на болниците во Бугарија.






Тој истакна дека Бугарија, според сегашните податоци на заразеност, требало да биде затворена, но тоа било избегнато поради воведувањето на зелените сертификати.

Доколку луѓето ги почитуваат мерките и се вакцинираат, додава тој, постои можност да се избегне затворањето.

Според Кацаров, ова е најтешкиот бран на коронавирус во Бугарија во период од 19 месеци по неговото појавување, а бројот на жртви е за 25 отсто повеќе отколку во претходните бранови.

Министерот смета дека здравствениот систем во моментов функционира подобро, бројот на хоспитализации е помал од претходно, но состојбата во одделенијата за интензивна нега е критична.

Поврзани содржини