БУГАРИЈА ПОВТОРНО ГО СПОРИ ПАТОТ НА СКОПЈЕ КОН ЕУ Министерот Георгиев порача дека Извештајот за Македонија нема тежина

Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, од Брисел, изјави дека извештаите на ЕП не се обврзувачки и не можат да ја заобиколат волјата на земјите-членки.

1,465

Европскиот парламент утре треба да гласа за извештајот за напредокот на Македонија, но Бугарија испраќа јасна порака: документот нема правна сила и нема да влијае на ставот на официјална Софија.

Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, од Брисел, изјави дека извештаите на ЕП не се обврзувачки и не можат да ја заобиколат волјата на земјите-членки.






– Секоја земја-кандидат мора да ги исполни условите што сме ги поставиле. Бугарија е доследна, проширување ќе има само ако се почитуваат договорите. Никој не може да ја заобиколи преговарачката рамка од 2022 година – рече Георгиев.

Прашан дали има очекувања од утрешното гласање во Комитетот за надворешна политика на ЕП, Георгиев остро возврати.

– Ние не се мешаме како некои наши југозападни соседи. Не е коректно политичари однапред да знаат каков ќе биде исходот – рече тој.

Министерот дури и ги прозва европратениците кои, според него, ја „инструментализираат“ дебатата во Брисел и се обидуваат да ја преформулираат вистината за идентитетот и јазикот.

– Европските институции не се алатка за промовирање на туѓи агенди. Ниту една земја-членка не се откажува од консензусот, Бугарија сигурно нема – заклучи Георгиев, алудирајќи дека секој обид да се форсира процесот ќе заврши со вето.

Поврзани содржини