Бугарија отвора два пункта за вакцинација на македонски граѓани, може да изберете „АстраЗенека“, „Фајзер“ или „Модерна“

Бугарските медиуми известуваат дека веќе има запишано македонски граѓани, а идејата за ваков вид помош на Македонија е на бугарскиот филантроп Милен Врабевски.

10,731

Државјаните на Македонија од утре ќе можат да примат вакцина против ковид-19 на двата пункта што Бугарија ги отвори во меѓуграничната зона на два гранични премина со Македонија, и тоа Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село, објави Дојче веле.

Со оглед на тоа дека двата пункта се наоѓаат во меѓуграничната зона, луѓето нема да мораат да влегуваат во Бугарија, со што нема да имаат потреба од покажување негативен ПЦР-тест.






Заинтересираните за вакцинирање ќе можат да избираат меѓу „АстраЗенека“, „Фајзер“ и „Модерна“.

Бугарските медиуми известуваат дека веќе има запишано македонски граѓани, а идејата за ваков вид помош на Македонија е на бугарскиот филантроп Милен Врабевски.

И бугарската агенција БГНЕС неодамна објави дека бугарската клиника „Комак Медикал“ започнува вакцинирање на сите македонски граѓани без ограничувања со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ против ковид-19.

Од претставништвото на бугарската клиника за испитувања на лекови во Скопје за ДВ тогаш информираа дека вакцинацијата ќе се изврши во клиничкиот центар на компанијата во дворот на Александровската болница.

Поврзани содржини