БУГАРИЈА НЕ СЕ ПОМЕСТУВА ОД СВОИТЕ ПОЗИЦИИ Радев бара раскинување со македонизмот и пописот да ги преброи македонските Бугари

„Сакаме како што се призна историската вистина во односите со Грција, на ист начин да се признае и историската вистина во односите со Бугарија“, вели бугарскиот претседател.

2,375

Сѐ додека продолжува овој вид на процес на преродба, сѐ додека нашите сонародници продолжуваат да подлежат на суптилна асимилација со текот на годините и им се потиснати основните права во однос на другите нации во земјата, не можеме да кажеме „да“ за почеток на преговорите со ЕУ, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев од Словенија, коментирајќи ги односите со Македонија.

Како што објави агенцијата БГНЕС, Република Северна Македонија не може да ја помине катарзата, додека бугарските позиции се јасни:






– Потиснувањето на правата на македонските Бугари, кои се државјани и на Бугарија, е предизвик и за ЕУ, бидејќи бидејќи тие се државјани на Бугарија, тие се и граѓани на Унијата. Ова не е ниту вето ниту запирање на процесот, ние сакаме не повеќе од она што го сака секој наш европски партнер, да ги почитуваме основните европски принципи и интересите на секоја земја-членка на ЕУ. Очекуваме овој процес да запре – рече Радев.

Тој очекува да се искорени говорот на омраза, заблудата и толкувањето на Бугарија во учебници, на споменици, музеи, јавна политика.

-Сакаме јасни и правно обврзувачки документи. Македонските Бугари да се рефлектираат во пописот. Сакаме како што се призна историската вистина во односите со Грција, на ист начин да се признае и историската вистина во односите со Бугарија. Раскинување со македонизмот и омразата кон Бугарија и донесување јасни одлуки – нагласил Радев и додал дека учебниците не треба да водат кон омраза на рана возраст.

 

Поврзани содржини