Бугарија – избори: Излезноста е 24,8 отсто до 15 часот

140

Избирачката активност на предвремените парламентарни избори во Бугарија до 15 часот (по локално време) е 24,8 отсто.

Два часа порано во 13 часот одѕивот беше 19,9 отсто, додека во 11.00 часот излезноста беше 13,3 отсто. Тоа го изјави директорот на бугарска агенција ГАЛУП, Парван Симеонов.






Според него, излезноста е поголема отколку на 4. април, јави дописникот на МИА од Софија.

„Одѕвиот е во рамки на очекуваното на изборите на 4 април. Попладнево ќе биде одлучувачко“ – вели Симеонов.

Тој додаде дека преку излезните анкети резултатите ќе бидат видливи веќе во 20.00 часот.

Поврзани содржини