БУГАРИЈА И СРБИЈА ПОЧНАА ГАСНО ДА СЕ ПОВРЗУВААТ Вучиќ и Радев се сретнаа, „важен ден за целиот регион“
Важен ден за Србија и Бугарија и за целиот регион. Продолжуваме да ги поврзуваме двете земји, двата народи и нашите економии, напиша Вучиќ во објава на Инстаграм.
Претседателите на Србија и Бугарија, Александар Вучиќ и Румен Радев денеска се сретнаа во Костинброд, каде присуствуваа на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, јави Бета.
„Важен ден за Србија и Бугарија и за целиот регион. Продолжуваме да ги поврзуваме двете земји, двата народи и нашите економии“, напиша Вучиќ во објава на Инстаграм.
Под фотографијата на која се поздравува со својот бугарски колега напиша дека новиот гасен интерконектор ќе донесе „поголема енергетска сигурност за граѓаните и шанса за нови инвестиции“.
Вучиќ информира дека разговарале и за други проекти за кои наведе дека се во план.
„Благодарам Румен Радев на трудот заедно да изградиме подобра иднина и најдобри можни заеднички односи“, напиша Вучиќ.