Бугарија го укина карантинот за нас

Тоа се однесува на граѓаните за кои причината за карантинот не е контакт со лице заразено со ковид-19, се наведува во новата наредба на бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев.

482

Директорите на регионалните здравствени инспекторати ја укинаа наредбата за задолжителен карантин на лицата кои влегле на територијата на Република Бугарија во периодот од 20 мај до 31 мај, а се од земјите членки на Европската унија, од Србија и Северна Македонија. Тоа се однесува на граѓаните за кои причината за карантинот не е контакт со лице заразено со ковид-19, се наведува во новата наредба на бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев, пренесува БГНЕС.

За сите лица кои во периодот од 20 мај до 31 мај влегле на територијата на Република Бугарија од Кралството Шведска, Велика Британија, Северна Ирска, Кралството Белгија, Република Ирска, Република Португалија, Кралството Шпанија , Република Малта и Италија, останува да важи мерката карантин.






Сите лица што влегуваат во Бугарија од овие земји, како и од сите трети земји, со исклучок на Србија и Северна Македонија, ќе бидат ставени во карантин за период од 14 дена во домот или друго сместување каде што лицето ќе посочи дека ќе престојува, со налог издаден од директорот на релевантниот регионален здравствен инспекторат или службено лице овластено од него.

Поврзани содржини