Бугарија го спасува туризмот со бесплатни екскурзии за ученици и наставници

Според министерот за образование Николај Денков, ова значи дека 30.000 ученици ќе имаат можност за неплатен престој во одреден број туристички места.

207

Бугарија повлече чекор за спас на домашниот туризам, а тоа првично се бесплатните екскурзии за ученици и наставници, соопштија тамошните власти.

Според министерот за образование Николај Денков, ова значи дека 30.000 ученици ќе имаат можност за неплатен престој во одреден број туристички места.






– Ова ќе се случи преку тур-оператори. Со нив ќе има и медицински персонал, кој исто така ќе може бесплатно да ги минува одморите. Едно од најголемите влијанија на пандемијата е намалувањето на социјалните контакти, кое има сериозно влијание врз децата. Една од главните цели е да се создаде такво опкружување за нив. Така, една недела тие ќе ги минуваат своите одмори бесплатно и, истовремено, ќе му се помогне и на туристичкиот сектор – рече Денков.

Притоа, од едно училиште, право на бесплатно патување ќе имаат најмногу 70 ученици, независно од возраста.

Поврзани содржини