БУГАРИЈА ГО ПРОГЛАСУВА ВТОРНИК ЗА ДЕН НА ЖАЛОСТ Софија е подготвена да прифати уште повредени од пожарот во Кочани

Во вакви моменти најважно е да се покаже навремена емпатија и солидарност. Бугарија е подготвена да прифати уште пациенти, изјави премиерот на Бугарија Росен Жељазков.

181

Поради трагедијата во Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, вторник, 18 март, во Бугарија е прогласен за Ден на жалост, соопшти бугарскиот премиер Росен Жељазков.

Бугарскиот премиер изрази сочувство до семејствата на жртвите.

 






– Во вакви моменти најважно е да се покаже навремена емпатија и солидарност. Бугарија е подготвена да прифати уште пациенти – рече Жељазков.

 

Поврзани содржини