БУГАРИЈА ГИ ЗГОЛЕМУВА ТЕНЗИИТЕ ВО НАТО Столтенберг загрижен за регионот, но и за Украина

На средбата со новиот бугарски премиер Кирил Петков во Брисел, Столтенберг ја изрази својата загриженост за нови конфликти, а зборуваше и за можната војна во Украина, каде НАТО треба „да се подготви за најлошото“.

2,942

Зголемени се тензиите во балканскиот регион, „особено што се однесува до членките на НАТО во регионот, вклучително и Бугарија“, смета генералниот секретар Јенс Столтенберг. Откако во Брисел денеска тој се сретна со новиот бугарски премиер Кирил Петков, Столтенберг ја изрази можноста за избивање на конфликти на Балканот, иако засега тој не гледа директна закана кон одредена земја, пишува Спутник.

Столтенберг се осврна и на можната од војна во Украина, каде НАТО треба „да се подготви за најлошото“.






– Она што сега го гледаме во врска со Украина е значително, доследно и континуирано зајакнување на руското воено присуство … Не е јасно кои се целите на таа акумулација (на сила) … Се разбира, се надеваме на најдоброто, но мора да бидеме подготвени за најлошото – рече Столтенберг за на прес-конференција со премиерот на Бугарија во Брисел.

Според Столтенберг, НАТО „многу внимателно следи што прави Русија“.

– Ги зголемивме нашите разузнавачки способности за да го следиме тоа зајакнување, разменуваме разузнавачки информации и, се разбира, продолжуваме да ја поддржуваме Украина. Исто така, треба да бидеме сигурни дека сме подготвени да ги заштитиме сите наши сојузници – посочи генералниот секретар.

Поврзани содржини