БУГАРИЈА ЌЕ ГЛАСА ЗА НОВА ВЛАДА ПРЕД ВЕЛИГДЕН? Консултациите кај претседателот Радев вродија со плод

Претседателот на Бугарија Румен Радев возврати дека ги разбира аргументите на Радостин Василев од МЕЧ и потсети дека во Бугарија никогаш досега не се одржале избори во февруари, што дополнително ја поткрепува идејата за пролетен термин. Со оглед дека Велигден во 2026 година паѓа на 12 април, предложената дата, 5 април, е најреална опција за спроведување на изборите.

213

Предвремените парламентарни избори во Бугарија најверојатно ќе се одржат на 5 април 2026, неделата пред Велигден. Оваа временска рамка стана најизвесна по консултациите што бугарскиот претседател Румен Радев ги одржа со пратеничката група „Морал, единство и чест“ (МЕЧ), предводена од Радостин Василев.

– Изборите треба да се случат во разумен рок. За нас февруари не е добар избор, иако сакаме избори што поскоро. Првата недела од април изгледа најсоодветна, бидејќи организацијата ќе биде полесна и ќе овозможи чесен процес – изјави Василев, нагласувајќи дека, доколку партијата го добие третиот мандат, ќе соработува со претседателот за да се спроведат изборите во „нормално време“.






Претседателот Радев возврати дека ги разбира аргументите на Василев и потсети дека во Бугарија никогаш досега не се одржале избори во февруари, што дополнително ја поткрепува идејата за пролетен термин. Со оглед дека Велигден во 2026 година паѓа на 12 април, предложената дата, 5 април, е најреална опција за спроведување на изборите.

Поврзани содржини