БУГАРИЈА ЌЕ ГИ ГОНИ ЗАКАНУВАЧИТЕ НА ПАНДИКОВ Покрената истрага за упатување смртни закани преку интернет
Пендиков поднел пријава до надлежните во бугарското Министерство за внатрешни работи за тоа дека преку социјалните мрежи му била испратена заканувачка порака на македонски јазик.
Софиското окружно обвинителство покрена предистражна постапка за смртна закана упатена кон претепаниот Христијан Пендиков од Охрид, објавија бугарските медиуми.
Пендиков поднел пријава до надлежните во бугарското Министерство за внатрешни работи за тоа дека преку социјалните мрежи му била испратена заканувачка порака на македонски јазик. Во неа се наведува и дека на Интернет се објавуваат фотографии од него со повици за насилство.
Надлежниот обвинител побарал од бугарското МВР да изврши увид во пријавата на Пендиков.
– Обвинителството на Република Бугарија ја претвори во своја кауза борбата против прекршоците од омраза, со кои се соочува и целата европска заедница – рече Сијка Милева, портпаролка на јавниот обвинител.