БУГАРИЈА ДОЗВОЛИ ПРЕЛЕТ ЗА АВИОНОТ НА ЛАВРОВ Нема пречки шефот на руската дипломатија да пристигне во Скопје

Планираното патување на Лавров во Северна Македонија на министерскиот состанок на ОБСЕ нема да се смета за кршење на европските санкции – рече портпаролот за надворешна политика на Европската Унија.

341

Бугарија го отвори воздушниот простор за летот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој треба да учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) што ќе се одржи на 30 ноември и ќе продолжи на 1 декемви во Скопје. За ова денеска за ТАС го изјави руската амбасадорка Елеонора Митрофанова.

„Тој доби позитивен одговор на нашата нота за авионот на Лавров кој лета низ бугарскиот воздушен простор“, рече таа.






Претходно портпаролот за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ) Петер Стано изјави дека планираното патување на Лавров во Северна Македонија на министерскиот состанок на ОБСЕ нема да се смета за кршење на европските санкции.

Македонија веќе дозволи авионот на рускиот министер за надворешни работи Лавров да слета во Скопје за да учествува на министерскиот состанок на ОБСЕ.

 

 

Поврзани содржини