Бугарија дозволи летови од Британија, патниците ќе се тестираат па ќе одат во карантин

252

Од 10 часот претпладнево Бугарија дозволи летови од Велика Британија за да им помогне на Бугарите кои сакаат да се вратат дома, се наведува во соопштението од бугарската Влада.

Бугарските медиуми јавуваат дека патниците кои ќе пристигнат од Велика Британија ќе бидат тестирани за присуство на коронавирус и по влезот во земјата ќе мора да заминат во 10-дневен карантин.






Бугарија во неделата ги затвори своите воздушни, копнени и морски граници за британските патници, во обид да го спречи ширењето на новиот вид на коронавирусот.

Поврзани содржини