БУДВА СТАНУВА ОПАСНА ЗА ЛЕТУВАЊЕ Македонците влегуваат без ПЦР во жариште на корона

Во сите земји во регионот расте бројот на инфицирани со ковид. Црна Гора е земја каде нашите туристи можат да патуваат слободно, без ПЦР тест.

882

Во Црна Гора има најмногу нови случаи на заразени од коронавирусот во последниве четири месеци, а најмногу инфицирани има во Будва. Градот е во црвената зона и стана корона жариште.

Потврдени се 332 нови случаи на коронавирус. Меѓу нив има 41 турист, претежно од Будва и Улцињ, пишуваат црногорските медиуми.






Дека ситуацијата е комплицирана, потврди и директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје, Игор Галиќ.

Tој вели дека повторно има локален пренос на коронавирусот и предупредува за нов бран.

Oткако почна пандемијата имаше и период кога Црна Гора беше земја без корона. Во сите земји во регионот расте бројот на инфицирани со ковид. Црна Гора е земја каде македонските туристи можат да патуваат слободно, без ПЦР тест.

Поврзани содржини