БУДИМПЕШТА УШТЕ Е ВО ИГРА ЗА КЛУЧНАТА СРЕДБА Путин на Орбан му пренел дека чека сигнал од Вашингтон

Средбата Трамп-Путин во Будимпшета првично требала да се одржи во октомври, но е откажана бидејќи, според руската страна, не биле исполнети сите услови. Меѓутоа, Москва сè уште чека сигнал од Вашингтон.

57

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека би сакал да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, на најавениот мировен самит, јави Скај њуз. Путин му го пренесе ова на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Москва.

Средбата Трамп-Путин во Будимпшета првично требала да се одржи во октомври, но е откажана бидејќи, според руската страна, не биле исполнети сите услови.






Меѓутоа, Москва сè уште чека сигнал од Вашингтон. Според дипломатски извори, иницијативата за нов термин би можела да биде поврзана со новиот американски мировен план за Украина.

Планот, кој во меѓувреме беше изменет и скратен од 28 на 19 точки, бара од Украина да се откаже од приклучување кон НАТО и да ги повлече војниците од некои територии. Русија, пак, остро реагираше на членот 14, што се однесува на замрзнатите руски средства на Запад.

Од друга страна, во Вашингтон засега нема потврда дали би се прифатил состанок меѓу двајцата лидери, ниту кога би можел да се одржи.

 

Поврзани содржини