БУДЕН Е, СВЕСЕН Е И Е ОРИЕНТИРАН Фиорентина сподели добра вест за Бове

391

Во неделата фудбалскиот свет го потресе слика од стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца. Италијанскиот играч за врска Едоардо Бове загуби свест на натпреварот помеѓу Фиорентина и Интер. Сепак, добри вести доаѓаат од болницата во Тоскана – Бове се чувствува многу подобро.

Во врска со случајот, „Виола“ објави соопштение на социјалните мрежи.






„Сакаме да ја информираме јавноста дека 22-годишниот Бове моментно е буден, свесен и ориентиран“, стои во соопштението на Фиорентина.

Сè уште се утврдува која била причината за нападот што ги шокираше сите фудбалери и гледачи за време на дуелот.

„Ние им ја соопштивме веста на нашите соиграчи, семејството и пријателите. Се обидуваме да утврдиме што доведе до оваа критична здравствена состојба. Лекарите од Универзитетската болница Кареѓи моментално го лекуваат нашиот играч, а во тек се дијагностички тестови. Би сакале да им се заблагодариме за нивната професионалност и хуманост. Би сакале да им се заблагодариме на навивачите на Фиорентина и на целиот фудбалски свет кои изразија сочувство и испратија пораки за поддршка во овие тешки моменти“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини