🎥 БУЧНА ЗАБАВА ЗА 21-ВИОТ РОДЕНДЕН НА КРУЗ БЕКАМ Тековната драма со Бруклин „беше слонот во собата“

Kруз Бекам го одбележа својот 21-ви роденден порано од вистинскиот датум (20.02), со раскошна забава опкружен со своето посветено семејство и прекрасната девојка, Џеки Апостел. Единствениот кој недостасувал е неговиот оттуѓен брат Бруклин.

19

Големата вечер на најмладиот од синовите на Викторија и Дејвид Бекам, Круз, се случи среде тековната кавга со неговиот најстар брат, Бруклин, кој е отуѓен од своето семејство.

Иако настанот е опишан за HELLO! како „бучна забава“, извор близок до семејството објаснил дека тоа дефинитивно била емотивна ноќ за сите:






– Имаше повеќе солзи радосници и смеа наоколу. После сè што се случуваше, семејството само сакаше да слави. Секако, се чувствуваше како драмата со Бруклин да беше слонот во собата. Но, тие немаше да дозволат тоа да се испречи во прославата на големата вечер на Круз. Беше навистина бучна забава и се чинеше дека семејството сакаше да се опушти, и имаше потреба од тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Бекамови со голема прослава го одбележаа 21. роденден на најмладиот син Круз со раскошна забава во ексклузивен ресторан во Лондон. Иако Круз официјално полни 21 година на 20 февруари, прославата започнала претходно, со собирање на семејството и блиските пријатели, пишува „Дејли мејл“.

Родителите, Дејвид и Викторија Бекам, биле расположени и горди додека го славеле важниот животен момент на синот, и покрај тоа што најстариот син Бруклин Бекам не присуствувал. Неговото отсуство и тековните семејни несогласувања не ја нарушиле атмосферата, а забавата траела до раните утрински часови.

Круз, кој е голем љубител на музиката, ја избрал темата на вечерта „Grande Beatles Ball“. Просторот бил украсен со голем сјаен лустер, гостите пристигнале во црни вратоврски, а вечерта била збогатена со луксузна вечера од три сета. На менито, според изборот на Круз, имало пилешки крилца и ребра за предјадење, додека главното јадење било бургери или тако со риба.

Врвот на вечерта бил моментот кога славеникот настапил на сцена со својот нов бенд „Круз Бекам и Бикерс“ (Cruz Beckham And The Beakers), изведувајќи неколку песни и симболично означувајќи го почетокот на својата музичка кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Емоционален момент настапи кога Викторија, 14-годишната сестра Харпер и неговата девојка Џеки Апостел одржаа трогателен говор. Круз не можеше да ги сокрие солзите додека седеше покрај татко си Дејвид и ги слушаше зборовите на поддршка од жените кои имаат посебно место во неговиот живот.

Викторија блесна во елегантен темносин фустан, додека Дејвид носеше беспрекорно кроено одело. Парот, видливо среќен, позираше за фотографите со своите деца пред почетокот на вечерта. Круз привлече внимание со сино одело дизајнирано од мајка му, со жолта вратоврска со дезен и црвени трегери, додека Џеки Апостел блесна во црн фустан без ракави.

Помладата сестра Харпер позираше насмеана во едноставен црн фустан, додека братот Ромео пристигна елегантно облечен држејќи се за рака со девојката Ким Тернбул. Меѓу фотографиите се најде и моментот кога Круз и Дејвид заедно ја набљудуваат забавата, како и снимка од славеникот со дедото Тони Адамс.

Викторија на социјалните мрежи напиша: „Славиме за Круз порано!! Толку те сакаме!!!“

Сепак, сенка врз семејната прослава фрли фактот дека Бруклин повторно не присуствуваше. Истата недела јавно порача дека ќе ја „штити засекогаш“ својата сопруга Никола Пелц, дополнително нагласувајќи го несогласувањето со родителите. Неговите изјави следат по претходните обвинувања кон семејството, кои веќе со месеци се тема во медиумите.

Поврзани содржини