Бучковски: ВМРО-ДПМНЕ направи сериозна штета и во Македонија и во Бугарија

Се покажа дека реално ВМРО-ДПМНЕ не покажа трошка разбирање за заштита на националните и на државни интереси, вели Бучковски.

1,244

Идејата беше да покажеме дека сме сериозни да го имплементираме Договорот за пријателство со Бугарија. Убедени сме дека брзо ќе дојдеме до фаза на реализација. Требаше да покажеме дека Македонија нема никакви скриени намери кон Бугарија, вели Владо Бучковски, специјален претставник на владата за спорот со Бугарија во Студио 10 на ТВ 24.

– По резултатите во април што ги имаа се доведовме во позиција да немаме соговорник од другата страна. Сепак, мислам дека овој вакуум беше продуктивно искористен. Паднаа во вода обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ кои се во континуитет, ескалацијата беше во ноември – декември. Се покажа дека реално ВМРО-ДПМНЕ не покажа трошка разбирање на заштита на националните и државни интереси. Направи сериозна штета и во Македонија и во Бугарија, дел од бугарските политичари постојано на секоја средба што сум ја имал споменуваа дека барањето на дополнителни гаранции е поради заканите од опозицијата – вели Бучковски.

Поврзани содржини