Бучковски утре во Софија на средби со државниот врв

415

Специјалниот претставник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски, утре заминува во официјална посета на Софија, јави бугарската новинска агенција, БГНЕС.

– За време на престојот ќе имам состаноци со премиерот Бојко Борисов, вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов –  рече Бучковски за БГНЕС.






Тој објасни дека во четврток ќе има средба со претседателот Румен Радев.

– Доаѓам на покана на бугарската влада. Доаѓам како ваш голем пријател и со добра волја  – истакна Бучковски.

Бугарија денеска на состанокот на Советот на министри во Брисел стави вето на преговарачката рамка за Северна Македонија, за почеток на преговорите со Европската Унија.

Поврзани содржини