Бубевски позитивен на ковид-19, но нема симптоми, Фетаи наредните 14 дена ќе биде во самоизолација

1,145

Обвинителот Гаврил Бубевски за Плусинфо потврди дека е позитивен на ковид-19, додека  обвинителката Фатиме Фетаи ни изјави дека во наредните 14 дена ќе биде во самоизолација, поради контакт со колегата со кого во два наврата седела до него на судењето за случајот „Монструм.

– Не чувствувам симптоми иако тестот покажа дека сум позитивен на ковид-19. Засега добро се чувствувам. Се тестирав поради предострожност бидејќи секој ден сум во суд и тамиу се среќавам со многумина. Не знам каде сум се заразил – ни изјави Бубевски.






И Фетаи потврди дека ќе биде во самоизолација.

– Точно е дека во наредните 14 дена ќе бидам во самоизолација бидејќи со Бубевски бев во контакт изминатиов период поради случајот „Монструм“. Вчера го добив решението за самоизолација. Бубевски во саботата направи тест кој покажа дека тој е позитивен на коронавирусот. Тој е во добра здравствена состојба. Но според протоколите епидемиолозите ми препорачаа да бидам во изолација и секако дека тоа ќе го почитувам. Епидемиолозите ќе кажат кога ќе треба јас да се тестирам – ни изјави Фетаи и порача дека со коронавирусот нема шега и дека сите треба да се чуваме.

Последното рочиште за случајот „Монструм“ се одржа во петокот, кога сведочеше веќе пензиониран инспектор од МВР, кој со колегата го пронашле автомобилот во кој избегаа убијците од масакрот кај Смилковско Езе

Поврзани содржини