БУБАЧКИ ЕВОЛУИРАЛЕ ЗА ДА ЈАДАТ ПЛАСТИКА? До толку загадуваме, што природата мора да се брани
Супер, а каде можеме да ги најдеме ваквите микроби? Па, околу 12.000 од нив научниците пронашле во океанот, а 18.000 во почва, но тие секогаш се блиску до големи депонии и загадени места. Студијата спомнува региони од Тихиот Океан и од Средоземното Море.
Толку многу ја загадуваме планетата Земја што некои видови на микроби во морето развиле
ензими со кои ќе можат да јадат пластика и на тој начин да се одбранат од ѓубрето. Нова студија на шведскиот Универзитет за технологија Чалмерс, покажува дека тие можат да јадат и да распаднат 10 видови на позната пластика, а за тоа развиле 30.000 протеински секвенци.
Овие 10 видови пластика се и најчесто користени од нас, луѓето. Супер, а каде можеме да ги најдеме ваквите микроби? Па, околу 12.000 од нив научниците пронашле во океанот, а 18.000 во почва, но тие секогаш се блиску до големи депонии и загадени места. Студијата спомнува региони од Тихиот Океан и од Средоземното Море.
– Не очекувавме дека ќе најдеме вака голем број од нив низ толку многу различни микроби и еколошки живеалишта. Ова е изненадувачко откритие кое навистина го илустрира обемот на ова прашање – рече Јан Зримец, главен автор на студијата.
Иако претходно беше познато дека некои ензими можат да ја сварат пластиката, научниците сега веруваат дека животната средина еволуира за да раѓа повеќе од овие организми за да се справи со околу 380 милиони тони пластика произведена годишно.
„Овие микроорганизми имаат „голем потенцијал да го револуционизираат управувањето со глобалниот пластичен отпад“, се тврди во студијата.
Со други зборови, научниците сакаат да креираат свои бубачки со истите ензими за различни типови на пластика.