БУЏЕТ НА ЕУ Кој уплаќа, а кој користи најмногу пари?
Лани, според податоците на Европската комисија, Германија уплатила 33,8 милијарди евра во буџетот на Унијата, Франција 25,8 милијарди евра, Италија 18,8 милијарди евра, а Шпанија 13,6 милијарди евра.
Германија, Франција, Италија и Шпанија се најголемите нето донатори во буџетот на ЕУ, додека членките на Централна и Источна Европа се претежно нето-приматели, пишува „Еуроњуз Бизнис“
Заедничкиот буџет го одразува принципот на солидарност на ЕУ, овозможувајќи значителен развој во различни области во рамките на блокот.
„Земјите-членки придонесуваат во буџетот на ЕУ и исто така добиваат средства од него. Некои земји завршуваат како нето-придонесувачи, што значи дека плаќаат повеќе отколку што добиваат назад, додека други се нето-корисници, добивајќи повеќе отколку што придонесуваат3, наведува порталот.
Лани, според податоците на Европската комисија, Германија уплатила 33,8 милијарди евра во буџетот на Унијата, Франција 25,8 милијарди евра, Италија 18,8 милијарди евра, а Шпанија 13,6 милијарди евра.
Девет земји придонеле помалку од една милијарда евра во буџетот на ЕУ во 2023 година, а најмал придонес имале Малта (112 милиони евра), Кипар (259 милиони евра) и Естонија (355 милиони евра).
Меѓу корисниците, во првите пет беше Полска ( 7,1 милијарда евра), заедно со „големата четворка“ на ЕУ. Франција доби 16,5 милијарди евра, потоа Полска (14,1 милијарди евра), потоа Германија (14 милијарди евра), Италија (12,8 милијарди евра) и Шпанија (12,1 милијарди евра).
На дното, три земји добија помалку од една милијарда евра од буџетот на ЕУ: Малта (277 милиони евра), Кипар (393 милиони евра) и Словенија (952 милиони евра).
Кога ќе се земе предвид нето-придонесувачите и примателите по глава на жител, сликата значително се менува поради големата варијација во големината на населението меѓу земјите-членки на ЕУ.
Во 2023 година, придонесите во буџетот на ЕУ по лице се движеа од 137 евра во Бугарија до 688 евра во Луксембург.
Меѓу „големата четворка“ секој човек во Германија дал по 403 евра. Потоа следуваат 378 евра во Франција, 318 евра во Италија и 281 евро во Шпанија.
Кога се гледаат нето придонесите по лице, Холандија се најде на врвот на листата во 2023 година, при што секој жител на Холандија дал 350 евра повеќе отколку што добил. Следува Ирска со нето придонес од 240 евра по лице, па Германија (235 евра), Данска (210 евра) и Шведска (156 евра). Меѓу големата четворка, Франција имала најмал нето придонес по лице со само 30 евра, додека во Италија изнесувал 101 евро и во Шпанија 137 евра.
Нето-корисниците по лице се движеа од 129 евра во Словенија до 3.081 евра во Луксембург.
Додека Луксембург и Белгија се меѓу побогатите земји на ЕУ, кои се исто така нето-приматели на фондовите на ЕУ бидејќи и двете земји се домаќини на бројни институции на ЕУ, како што се Европската комисија и Европскиот парламент.
На пример, Белгија имаше нето приход од 404 евра по лице, што е повисоко од Бугарија (299 евра) и Романија (307 евра).
Во 2023 година ЕУ членките договорија буџет од 186,6 милијарди евра.