БУЈАР ЗБОРУВАШЕ ЗА ЕУ, АТЕНТАТОТ НА ГЛИГОРОВ, ЗА „СРПСКИОТ СВЕТ“… Меџити „го спушти“ дека се кандидира за градоначалник, па да зборува за Чаир
Колку што знам, Бујар се кандидира за градоначалник и не држи тоа дека тој треба да дебатира со Мицкоски, кој е премиер. Кога Бујар ќе се кандидира за премиер, може да повика на дебата и дуел со Мицкоски. Сега излезе за Чаир и нека одлучи каде и кога сака да ги разјасниме сите дилеми, рече вицепремиерот и кандидат на Вреди за Чаир, Изет Меџити.
Бујар Османи, колку што знам, се кандидира за градоначалник и не треба да го повикува на дебата премиерот Христијан Мицкоски, рече денеска пвиот вицепремиер и кандидат на Вреди за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, одговарајќи на новинарско прашање.
– Мислам дека самиот г-дин Османи знае дека лаже. И поради таа причина, го поканувам јавно да се соочиме каде сака тој, на која било телевизија и кога сака, нека избере тој, да го даде одговорот за Александар Вулин и да го кажеме сето она што ние го знаеме за него. Јас го поканувам и за да го разјасниме прашањето за Вулин пред јавноста и сите прашања што се отворени од времето на Груевски. Колку што знам, Бујар се кандидира за градоначалник и не држи тоа дека тој треба да дебатира со Мицкоски, кој е премиер. Кога Бујар ќе се кандидира за премиер, може да повика на дебата и дуел со Мицкоски. Сега излезе за Чаир и нека одлучи каде и кога сака да ги разјасниме сите дилеми – рече Меџити.
Во овој случај, зборуваме за локални избори, за локални теми, за локални проблеми и локални решенија, додаде тој.
– Го поканувам да излеземе и да дебатирате за овие теми пред граѓаните, да презентираме што сме направиле за Чаир во минатото, што правиме сега за Чаир и зошто бараме гласови за следните 4 години за Чаир – нагласи Меџити.
Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска зборуваше за меѓународна политика, атентатот врз Глигоров, и за т.н. српски свет.
– Северна Македонија ги доби гаранциите во моментот кога ја дефинираше преговарачката рамка. Таму сите прашања се регулирани. Сега не треба да се злоупотребува темата за ЕУ. Време е за одлучни чекори напред кон ЕУ, а не за политички игри – рече Османи.
Тој посочи дека европската перспектива на земјата е тесно поврзана со историските предизвици и притисоци од „српскиот свет”, кој и денес функционира како паралелен систем што ја саботира европската агенда.
– Сега има две опции – или си со ЕУ или си со српскиот свет, сива зона нема. Тие се меѓусебно поврзани. Секој што прави чекор кон ЕУ, се оттргнува од српскиот свет. И, дали сте забележале? Секој што прави чекор кон ЕУ станува цел на напади. Знаете кога се случи атентатот врз Глигоров? Еден ден откако се врати од Белград и соопшти дека ќе се оттргнеме од Југославија. Знаете ли зошто секој обид за договор со Бугарија и со Грција, или за приближување на земјата кон ЕУ, наидува на демонизација и пропаганда? Затоа што секој чекор кон ЕУ е чекор на оттргнување од српскиот свет – рече Османи.
Во одговор на прашањето дали ќе прифати дебата со противкандидатот Изет Меџити, порача дека не бега од дебати, но дека клучната дебата што ѝ е потребна на државата е со Христијан Мицкоски, како што рече, режисерот на Вреди.
– Што се однесува до дебатите, јас не бегам од нив. Но, не треба да дебатирам со посредници, јас треба да дебатирам со главниот. Сакам да дебатирам со Мицкоски, а не со неговиот посредник. Тој стои зад овој политички експеримент. Со него сакам да разговарам за тоа како ја блокира европската перспектива. Со него сакам да разговарам за тоа како го демонтира Охридскиот договор, како ги исклучува Албанците од институциите. Ќе дебатирам и со посредниците, но тие не се одлучувачите. Јавното мислење покажува дека ние ќе го победиме Вреди, но тие ќе создадат друго Вреди. Најважно е што со оние кои ја дизајнираа идејата дека Албанците ќе ги претворат во малцинство – со нив сакам да дебатирам – рече Османи.
ВМРО-ДПМНЕ му порача на Османи да не глуми загрижен за евроинтеграциите кои се отежнати поради него.
„Бујар Османи како „претседател“ на пола свет, не успеа да направи ниту еден чекор напред за влез на државата во ЕУ, туку напротив, ги распродаваше името, јазикот и идентитетот, заедно со Заев, Филипче, Пендаровски, Ахмети и на ним слични. Политиката на најкриминалната Влада во историјата на Македонија, на СДСМ и ДУИ, беше да се удоволуваат потребите и барањата на Бугарија, со цел да останат ден повеќе на власт. СДСМ и ДУИ газеа врз достоинството и почитта на државата, и мислеа дека така ќе ги освојат симпатиите на народот, којшто на минатите избори ги испрати во историјата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.