БУЈАР ОСМАНИ СПОНЗОРИРА ОБЈАВИ НА ФЕЈСБУК ОД СЛУЖБЕН МЕЈЛ Шефот на кампањата му е вработен во МНР
Во Министерството за надворешни работи е покрената постапка за да се утврди дали има злоупотреба на службени ресурси, дознава Плусинфо.
Службениот и-мејл и телефонот на извесен Мемет Жаку, вработен во Министерството за надворешни работи, е употребен за спонзорирање на објава на Фејсбук во полза на Бујар Османи.
Објавата е спонзорирана вчера. Јасно е напишан мејлот на господинот Жаку и неговиот телефонски број (на фотографијата покриен со жолта лента, бидејќи не сме сигурни дали бројот е приватен или службен).
За Мемет Жаку велат дека е шеф на кампањата на Бујар Османи, во трката за клучната градоначалничка позиција во скопската општина Чаир.
Плусинфо дознава дека во МНР веќе е реагирано за овој случај и таму се утврдува дали биле злоупотребени службени ресурси.
Дека Мемет Жаку не е „било кој” во МНР сведочи и оваа фотографија од некаков форум во НАТО, на која покрај Зоран Заев и Радмила Шеќеринска присуствувал и тој (на фотографијата е посочен со стрелка).