БУЈАР ОСМАНИ ГО ПРИВАТИЗИРАШЕ ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ОБСЕ Дилетантски е да се наметнуваме во области за кои немаме капацитет, порача Зоран Дабиќ

ОБСЕ имаше голема улога по војните на просторот на поранешна СФРЈ во демократското опоравување, како прашањата за човекови права, владеење на право и слично, вели Зоран Дабиќ, поранешен амбасадор во ОБСЕ.

548

Меѓународните организации, односно мултилатералата е добра прилика за промовирање на интересите на Македонија. На маса и под маса да можете да ги промовирате своите интереси и овие организации се добар пат за помалите држави, бидејќи таму барем на хартија тежат еден глас, рече Зоран Дабиќ, поранешен амбасадор на Македонија во ОБСЕ на дебатата во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема Катастрофална меѓународна политика на Македонија.

– Самото учество на Македонија дава огромна шанса да ги претставите пред другите своите проблеми за да се заштити националниот интерес на Македонија – рече Дабиќ.






Тој се осврна и на македонското претседавање со ОБСЕ.

– Во ОБСЕ никој жив не сака да претседава. Прво, поради големите финансиски суми кои ги одвојува земјата претседавач. Второ, поради губење на релевантноста на ОБСЕ. Во Македонија прво беше побарано 8 милиони евра за претседавањето, а потоа 5 милиони евра само за оваа година, а Македонија учествува и во претседавачката тројка – рече Дабиќ.

Дабиќ посочи кога улогата на ОБСЕ била голема.

– ОБСЕ имаше голема улога по војните на просторот на поранешна СФРЈ во демократското опоравување, како прашањата за човекови права, владеење на право и слично – укажа Дабиќ.

Говорејќи за идејата за центар за медијација во рамки на ОБСЕ, тој рече дека не е реална, бидејќи немаме никаков капацитет да водиме таков центар.

Дилетантски е да се наметнуваме во области за кои немаме никаков капацитет, порача тој.

– Сѐ се приватизира, па и меѓународната политика, така Бујар Османи го приватизира претседавањето со ОБСЕ – рече Дабиќ.

Поврзани содржини