БУЈАР ОСМАНИ ЈА ЧЕКА ФОТЕЛЈАТА НА АЛИ АХМЕТИ Зошто молчеше за Артан Груби кога заедно беа на врвот на ДУИ?

Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ, соопшти ВЛЕН.

0

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Османи сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ, соопшти ВЛЕН.

„Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја. Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ. Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ“, соопшти ВЛЕН.






Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ, прашува партијата.

„Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел? Во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел. Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат. Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните“, соопшти ВЛЕН.

Поврзани содржини