БРЗО ЌЕ ЗАВРШИ ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ Партиите се договориле само по еден пратеник да се пријави за збор
Како што дознаваме, ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени детално ќе го образложи пратеничката Гордана Силјановска-Давкова, професорка на Правниот факултет во Скопје.
Брзо ќе заврши денешната ленарна седница на која треба да се дискутира дали да се отвори македонскиот Устав и во него да се впишат Бугарите заедно со пет други народи, дознава Плусинфо од партиски извори.
Седницата која требаше да започне во 11 часот, сѐ уште не е започната. Но, на неа претходела координација на политичките партии и било договорено само по еден да се обрати на седницата, односно другите пратеници да не се пријавуваат за збор.
Како што дознаваме, ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени детално ќе го образложи пратеничката Гордана Силјановска-Давкова, професорка на Правниот факултет во Скопје.
Гласањето нема да се случи денеска бидејќи власта сѐ уште нема 80 пратеници кои би дале поддршка.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на Фејсбук ги повика пратениците да гласаат „не“ за уставните измени.
„Ден за историја! НЕ за уставни измени! Македонскиот народ има своја засебна историја, култура и свој македонски јазик, а Македонија јасен државно-политички континуитет“, објави Мицевски.
И пратеничката на ДУИ, Арта Биљали-Зендели, пред почетокот на собраниската седница кажа дека денеска нема да се гласа за уставните измени во Парламентот, туку дека ќе започне процесот.
– Мислам дека битката ќе продолжи сѐ додека не се обезбедат 80 пратеници бидејќи е многу важен момент, процес за кој тежнееме уште пред 30 години. Затоа не треба и не можеме да го изгубиме овој момент – додаде Арта Биљали-Зендели.