Брзите тестови за коронавирусот ќе чинат помалку од 1.000 денари

656

Набавуваме брзи тестови преку Светска банка, кои ќе чинат помалку од 1.000 денари, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, тие ќе бидат наменети за сите болнички установи каде има потреба од брз тест за пациенти на кои треба да им биде дадена здравствена заштита.






– Ќе бидат наменети таму каде што за пациентот веднаш треба да знаеме, врз основа на симптомите и проценка на клиничката слика, во кој дел од болницата треба да се лекува, дали му е потребен третман на Инфективна клиника или не. Воедно и дали и за друга патологија се лекува, можеби е асимптоматски носител, во чистиот или во делот којшто бара заштитна опрема на персоналот – вели Филипче.

Поврзани содржини