БРЗИ ОБРОЦИ СО КОНЗЕРВИРАНА СКУША Лесно е достапна, полна со протеини, омега-3 и витамин Б12!

Конзервираната скуша е добар извор на лесно сварливи протеини и на100 грама, во зависност од составот на конзервата, содржи околу 19 г протеини. Сината риба е богата со антиинфламаторни омега-3 масни киселини, витамини од Б групата, а особено е одличен извор на витамин Б12. Содржи и фосфор, минерал кој е важен за здравјето на коските, како и магнезиум и малку железо.

167

За здравјето на циркулаторниот систем, но и за добар имунитет треба да јадете риба најмалку два пати неделно. Акцентот е ставен на внесот на сина риба, а скушата се смета за сина риба. Сепак, некои се откажуваат од купување риба бидејќи не знаат како да ја подготват дома.

Иако, се разбира, свежата риба е највкусна и најдобра, тоа не значи дека замрзнатата или конзервираната риба не можат да бидат дел од правилната исхрана и избалансираните оброци.
Конзервираната скуша е лесно достапна, односно можеме да ја купиме во речиси секоја продавница.






Повеќе за здравствените придобивки, како и рецептите за неколку брзи и лесни оброци со конзервирана скуша, побарајте на порталот „Арт кујна“.

 

Поврзани содржини