БРЗИ И ПИЈАНИ 242 возачи казнети за брзо возење, а 113 биле „под гас“
Засилените акциски контроли, како што информираат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.
242 возачи се санкционирани за брзо возење вчера, а ноќеска од 23 до 5 часот се санкционирани 113 возачи кои возеле под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што информираат од МВР, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 130 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли, како што информираат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.