„Брзи и бесни“ во Тетово и Гостивар, нападната девојка во Скопје
Скопјанка пријавила дека околу 02.30 часот на ул.„Иван Хаџиниколов“ била физички нападната од С.С.(19) и В.З.(20).
„БРЗИ И БЕСНИ“ ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР – На 16.08.2020 од 15.00 до 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово на тетовско-гостиварското подрачје спровеле акциска контрола за брзина со која се движат возилата во и надвор од населено место. При контролата биле откриени вкупно 66 возачи (ТЕ-30 и ГВ-36), кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место. Покрај ова, откриени се и 10 прекршоци (ТЕ) во населено место. Откриените прекршоци се заокружени со 75 мандатни платни налози (ТЕ-40 и ГВ-35), како и со еден прекршочен налог (ГВ), така што покрај паричните глоби, прекршителите ќе се соочат и со заштитната мерка – забрана за управување со моторно возило, зависно од видот и карактерот на прекршокот.
ПРИВЕДЕН БЕГАЛЕЦ ОД ВЕЛЕС – На 16.08.2019 во 21.30 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош и СВР Велес на подрачјето на Велес го лишиле од слобода М.Е.(59) од Велес, за кого била распишана национална потерница за издржување на казна затвор по наредба од Основен кривичен суд Скопје, поради сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, „злосторничко здружување“, „шпионажа“, „измама“, „прикривање“ и „уцена“. Тој бил приведен во Полициска станица Велес, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ за издржување на казната затвор.
ПРИВЕДЕН АЛБАНСКИ ДРЖАВЈАНИН – На 16.08.2020 околу 21.00 часот на ул.„171“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Н.Т.(52) од Република Албанија, кој непријавено престојувал на подрачјето и го нарушил јавниот ред и мир. Н.Т. бил задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка и по целосно расчистување на случајот ќе му биде изготвен поднесок.
НАВИВАЧ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ – На 16.08.2020 година околу 21.00 часот во ОВР Струга бил приведен Ѓ.Д.(21) од Битола, поради спречување и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Тој, пред почеток на спортски натпревар на „Женска плажа“ во Струга, движејќи се со поголема група навивачи од Битола, физички нападнал навивач од Струга, а потоа и полициски службеник кој презел службени мерки за спречување на нападот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СУДАР НА ТРАТКОР И ВОЗИЛО КАЈ ЛИСИЧАНИ – На 16.08.2020 во 22.10 часот било пријавено дека на регионален пат Кичево – Македонски Брод, во близина на влез за с.Лисичани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(28) од Кичево и трактор, управуван од Ј.М.(62) од с.Лисичани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ј.М., а со телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кичево.
ДЕВОЈКА НАПАДНАТА ОД ДВЕ МОМЧИЊА – На 17.08.2020 во 02.50 часот, Н.С.(23) од Скопје пријавила дека околу 02.30 часот на ул.„Иван Хаџиниколов“ била физички нападната од С.С.(19) и В.З.(20), двајцата од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
ТЕПАЧКА ВО МАЏАРИ – На 16.08.2020 во 20.40 часот А.Т.(43) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на ул.„Благоја Стефковски“ бил физички нападнат од Т.Г. и Л.А.. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
ОД ИЗМАМЕНО ЛИЦЕ ОДЗЕМЕНИ 500 ДОЛАРИ – На 16.08.2020 во 13.00 часот, Љ.П.(79) од Скопје пријавила дека околу 10.00 часот едно лице ја измамило за сума од 500 долари. Според пријавеното, лицето дошло во нејзиниот дом и се претставило како дете на нивен познаник и ѝ ги побарало парите, по што пријавителката му поверувала и му ги дала. Се работи на расчистување на случајот.
ОПОЖАРЕНИ БАРАКИ ВО ЧИЧИНО СЕЛО – На 16.08.2020 во 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кампот за бездомници во Чичино село настанал пожар, во кој биле опожарени три бараки кои биле вон употреба. Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши во текот на денот.
ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ОД СКОПЈЕ – На 16.08.2020 во 10.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, К.И.(52) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил К.К.(32) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
КИЧЕВЧАНЕЦ КАСНАТ ОД КУЧЕ – На 17.08.2020 З.Н.(53) од Кичево во полициската станица пријавил дека на ул.„Партизански одреди“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ФАЛСИФКИУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ – СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Н.(47) од с.Оровник – Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“. На 04.06.2020 во Агенција за вработување – Подрачна единица Охрид, пријавената го побарала на увид документот „барање за остварување право на паричен надоместок за време на вонредна состојба“, кој претходниот ден, на 03.06.2020, доброволно и своерачно го потпишала во присуство на вработените и тој документ го искинала на делот каде била потпишана.