Брзи анализи на тестовите за ковид-19 и во Струмица

257

Центарот за јавно здравје во Струмица доби комора со која ќе прави брза анализа на земените тестови за ковид-19 во својата лабораторија.

Комората е донација од „Еуромакс ресорсес“, меѓународната компанија која го развива проектот за рударскиот мега-комплекс Иловица – Штука.






Ова практично ќе значи дека примероците за тестирање нема да се праќаат во акредитираните лаборатории во Скопје, туку лабораторијата во Струмица самостојно ќе може да изработи околу 100.000 тестирања за целиот регион.

Поврзани содржини