БРЗАТА ПРУГА И АВТОПАТСКИОТ КОРИДОР 8 ПРЕТСТАВЕНИ ПРЕД ФРАНЦУСКИ БИЗНИСМЕНИ Николоски очекува подобра економска соработка со Франција
На средбата беа потенцирани добрите билатерални односи меѓу двете земји, а беа разменети мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот.
Унапредувањето на економската соработка меѓу Македонија и Франција беше тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер.
На средбата, информираат од Министерството за транспорт, присуствуваа и претставници на бизнис заедницата на Француската Република пред кои беа презентирани можностите за отпочнување и унапредување на значајни инфраструктурни проекти од стратешка важност за државата.
Вицепремиерот Николоски ги претстави развојните планови на Владата и планираните инфраструктурни проекти, особено проектите кои имаат регионално значење и со кои се придонесува за забрзан економски развој на земјите од регионот.
На средбата беа потенцирани добрите билатерални односи меѓу двете земји, а беа разменети мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот.