БРЗАТА ПРУГА ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ ГРАДИ НАЕСЕН Одлично течат подготвителните работи

Трасата е веќе избрана, сега се работат потребните геолошки истражувања и студии, како и претпроектирања и проектирања, вели министерот за транспорт, Александар Николоски.

86

Одлично се одвиваат подготовките за почеток на изградба на брзата пруга преку Договорот за партнерство со Обединетото Кралство, вели министерот за транспорт, Александар Николоски, кој најави почеток на работите на терен од есен годинава.

– Одлично течат подготвителните работи. Трасата е веќе избрана, сега се работат потребните геолошки истражувања и студии. Се работат претпроектирања и проектирања и тоа е рокот од една година кој што лани го зададовме. Ќе бидеме во рамки на рокот, а тоа значи дека во текот на летото сето ова ќе биде завршено. После тоа ќе може да се потпише договорот со финансиерот, односно банката и да почне она што за граѓаните е видливо, а тоа е работа на терен. Рокот останува ист, односно до крајот на 2031 година – рече Николоски во гостување на Канал 5.






Во врска со изградбата и реконструкцијата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево, објекти кои се исто така опфатени со Договорот за партнерство со Обединетото Кралство, вицепремиерот истакна дека во овој дел Министерството за финансии веќе е во крајна фаза за избор на индикативна понуда за финансирање на граежните работи.

Поврзани содржини