📽️ БРЗА ПРУГА И НОВИ БОЛНИЦИ Николоски од Лондон откри за што ќе се трошат парите

„Само што заврши најважната средба што ја имаме во агендата, а тоа е со претставниците од „UKEF“, на која разговаравме за деталите за средствата кои Македонија може да ги користи во следниот период. Се работи за 5 милијарди фунти кои се ставаат на располагање на Македонија“, изјави Николоски.

1,020

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави дека Македонија добива на располагање 5 милијарди британски фунти (околу 6 милијарди евра) од британскиот Инструмент за поддршка на надворешното финансирање (UKEF) за реализација на значајни инфраструктурни проекти.

Ова го соопшти Николоски по средбата со претставници на „UKEF“ во рамки на неговата официјална посета на Обединетото Кралство, каде што ја предводи македонската делегација.






– Само што заврши најважната средба што ја имаме во агендата, а тоа е со претставниците од „UKEF“, на која разговаравме за деталите за средствата кои Македонија може да ги користи во следниот период. Се работи за 5 милијарди фунти кои се ставаат на располагање на Македонија – изјави Николоски.

Според него, станува збор за проектно финансирање, односно средствата ќе се користат исклучиво за реализирање конкретни проекти што носат додадена вредност за државата. Дел од веќе потврдените проекти се:

Брза пруга на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија,

Изградба и реконструкција на болници во Кичево, Тетово и Штип,

Нов медицински факултет со студентски дом во Штип.

Николоски посочи дека по потпишувањето на договорот „Влада со Влада“, кој треба да се случи утре, ќе следи ратификација во македонското Собрание, по што ќе почнат официјалните разговори за финализација на проектите.

– Моја амбиција е во текот на летото да имаме договори, а доцна на есен да имаме работа на терен – додаде Николоски.

Во делегацијата се и потпретседателот на Владата и министер за животна средина Изет Меџити, како и директорот на ЈП МЖ Инфраструктура. На средбите во Лондон ќе се приклучи и министерката за образование Весна Јаневска.

Николоски најави и политички средби со британски министри за внатрешни работи, одбрана и економија, со што, како што рече, посетата добива дополнителна тежина.

Поврзани содржини