БРЗА ПРУГА ДОЛЖ ЦЕЛ КОРИДОР 10, ОБВРСКИ И ЗА СОСЕДИТЕ Македонија ќе потпише декларација за голем транспортен проект

Според министерот Николоски, Грција ќе ја заврши изградбата на брзата пруга од Солун до Гевгелија, со најсовремена сигнализација до јануари, а ќе започне и двоколосечна линија што треба да биде готова до 2030 година. Првата, товарна линија, се очекува да биде завршена до 2028 година.

0

Македонија е чекор поблиску до реализација на голем транспортен проект. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека со Грција, Србија, Унгарија и со Австрија ќе се потпише заедничка декларација за изградба на брза железничка пруга долж целиот Коридор 10.

– Она што очекував дека ќе се случи, се случува. Ќе потпишеме декларација со соседите и партнерите од ЕУ. Овој проект беше подготвен уште минатата година, но беше одложен поради несреќата во Нови Сад. Тоа е огромна можност за нас, бидејќи нема поента да вложиме над две милијарди евра, а другите држави да не градат – рече Николоски.






Според министерот, Грција ќе ја заврши изградбата на брзата пруга од Солун до Гевгелија, со најсовремена сигнализација до јануари, а ќе започне и двоколосечна линија што треба да биде готова до 2030 година. Првата, товарна линија, се очекува да биде завршена до 2028 година.

Србија, пак, ќе се обврзе да го изгради делот од македонската граница до Ниш. Пругата Белград–Будимпешта веќе е функционална, а врската Будимпешта–Виена постои како брза пруга.

Николоски најави и нов договор, на иницијатива на Австрија, со кој Албанија ќе се приклучи на изградбата на инфраструктурата на Коридорот 8, што ќе го поврзе Драч со Црното Море.

– Нема смисла ние и Бугарија да инвестираме, а Албанија да не го прави истото. Балканот мора да се поврзе од Јадранот до Црното Море – додаде Николоски.

Тој оцени дека визијата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија да стане транспортен центар на Балканот, веќе дава резултати, поткрепени со меѓународни состаноци и капитални инвестиции во инфраструктурата.

Поврзани содржини