Брутално уапсени градоначалникот на Будва и неговите соработници (ВИДЕО)
Специјалната единица на Црна Гора влегла во Општината и уапсила неколку граѓани, пренесуваат тамошните медиуми.
Во драмата која од утрово се случува во Собранието на општина Будва, кога припадници на полицијата насилно влегле и го уапсиле градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ и припадникот на Собранието на општина Будва, Крсто Радовиќ, повредени се повеќе луѓе.
Уапсен е и секретарот за инвестиции, Младен Микијељ, како и синот и братот на Марко Царевиќ.
Специјалната единица на Црна Гора влегла во Општината и уапсила неколку граѓани, пренесуваат тамошните медиуми.
Граѓаните се степаа со специјалците, а на видеата се слуша како ги нарекуваат „усташи“, обвинувајќи ги за полициска бруталност.