🎥 БРУТАЛНО ГО КРШАТ И ГО ФРЛААТ Украинските војници „му покажаа“ на руското знаме во Курск

Во видеото споделено на интернет, двајца војници, кои се облечени во украинска униформа, го кршат руското знаме и го фрлаат на земја.

1,067

Украинските војници го отстранија руското знаме од зградата на советот во областа Курск, додека Киев продолжува со нападите врз пограничниот регион, пишува Телеграм.

Во видеото споделено на интернет, двајца војници, кои се облечени во украинска униформа, го кршат знамето и го фрлаат на земја.






Друго видео, кое кружи покажува уништени воени возила кои се наредени покрај патот, во некои има повредени или загинати војници.

Претседателот Володимир Зеленски ноќеска потврди дека неговата војска сега ја турка војната на „територијата на агресорот“ и им се заблагодари на „воините“ на неговата земја.

Висок украински безбедносен функционер во неделата изјави дека украинскиот упад „во голема мера го подигнал“ моралот во земјата.

Рускиот претседател Владимир Путин го оквалификуваше украинскиот напад, за кој воените аналитичари велат дека го фати Кремљ без стража, како голема провокација.

Во знак на сериозноста на ситуацијата, Русија во саботата воведе опсежен безбедносен режим во три погранични региони, додека Белорусија, верен сојузник на Москва, испрати повеќе војници на својата граница со Украина.

Поврзани содржини