БРУТАЛНИ УБИСТВА ВО АВГАНИСТАН Талибанците убиле девет мажи, тројца измачувале до смрт
Организацијата Репортери без граници изрази загриженост поради наводите дека талибанците во средата убиле член на семејство на авганистански новинар кој работел за германскиот медиум Дојче веле.
Овој извештај дополнително ќе го зголеми стравот на Авганистанците дека талибанците, кои минатата недела ја презедоа власта во речиси целата земја, повторно ќе воспостават брутално владеење, иако тие го тврдат спротивното.
АИ наведува дека истражувачи на организацијата разговарале со сведоци во провинцијата Газни кои тврдат дека талибанците убиле девет мажи, припадници на малцинството Хазари, во селото Мундаракт, во периодот меѓу 4 и 6 јули. Според сведоците, шест мажи биле убиени со огнено оружје, а тројца биле измачувани до смрт.
Организацијата предупредува на можноста да не се пријавени значително поголем број убиства, бидејќи талибанците го блокирале телефонскиот сообраќај во многу области се под нивна контрола.
Организацијата Репортери без граници изрази загриженост поради наводите дека талибанците во средата убиле член на семејство на авганистански новинар кој работел за германскиот медиум Дојче веле.
Пред денешните молитви, талибанските лидери ги повикаа имамите да апелираат на единство и да ги убедат граѓаните да не ја напуштаат земјата.
Исплашени од Талибанците, илјадници луѓе овие денови се обидуваат да го напуштат Авганистан, а некои излегоа на протести, кои новата власт насилно ги спречи.
Талибанците ветија дека нема да заведат страв и ќе ги амнестираат оние кои се бореле против нив во изминатите 20 години