„БРУТАЛНА“ ВИЛА ВО ИСЛАНД Новиот модернизам на стариот мајстор Корбизје

Последно, но не и најмалку важно, третиот кат содржи фасцинантна главна спална соба и посебна врата зад којашто може да се скокне во спектакуларен панорамски базен во топлите летни денови, што го прави непроценливо место за престој и одмор.

427

Во Исланд е изграден нов и, според многумина – неверојатен станбен проект, во облик на превртен контејнер. Куќата наречена „Бруталист хаус“ има два ката и површина од 750 квадратни метри. Новиот концепт денес се оценува како дел од тн. „брутализам“, инаку создаден од инженерот Ле Корбизје во 1952 година. Брутализмот беше стилот во кој се градени повеќето од антологиските објекти во Скопје од 70-тите години.

На приземјето има дневна соба, бања, трпезарија и кујна. Креативноста во дизајнот е очигледна на терасата, што нуди фантастичен поглед, посебно во раните утрински часови… Последно, но не и најмалку важно, третиот кат содржи фасцинантна главна спална соба и посебна врата зад којашто може да се скокне во спектакуларен панорамски базен во топлите летни денови, што го прави непроценливо место за престој и одмор.






Од основањето на компанијата „Ел-вај-екс аркитект“, таа е своевиден пионер во областа на архитектурата работејќи големи проекти во различни концепти, почнувајќи од висок стил и дизајн, движејќи се кон исламската архитектура во декорацијата комбинирајќи ја со модерен дизајн – со цел уметничка целина.

 

Поврзани содржини