БРУТАЛНА ТЕПАЧКА ВО МАРКЕТ ВО БЕЛГРАД Татко и ќерка завршија во болница, ги претепал 42-годишник
Полицијата брзо реагирала, а повредените биле префрлени во Ургентниот центар каде им биле констатирани повреди. Против осомничениот е поднесена пријава за насилничко однесување. Засега не е познат мотивот за нападот, ниту дали сторителот ги познавал жртвите од порано.
Сцена како од филм на ужаси се случила во белградскиот кварт Вождовац, кога татко и ќерка биле брутално претепани во еден супермаркет. Според порталот Tелеграф , настанот се случил во саботата, на 8 ноември, а осомничен е маж со иницијали П.М. (42).
Според извештајот, 71-годишниот Ј.Д. бил во маркет со својата ќерка М.Д. (40), кога меѓу нив и напаѓачот избила расправија. По кратка вербална кавга, П.М. физички го нападнал и двајцата, нанесувајќи им повеќе удари по глава и по тело.
Полицијата брзо реагирала, а повредените биле префрлени во Ургентниот центар каде им биле констатирани повреди. Против осомничениот е поднесена пријава за насилничко однесување. Засега не е познат мотивот за нападот, ниту дали сторителот ги познавал жртвите од порано.
Меѓутоа, локалните жители за белградските медиуми велат дека инцидентите од ваков тип стануваат сè почести и дека безбедноста во продавниците мора да се засили. Полицијата спроведува истрага за да утврди сите околности.