БРУТАЛНА ОДМАЗДА НА РАБОТНИК Не примал плата со месеци, па му уништил пет камиони на газдата (ВИДЕО)

1,146

Работник од Турција по име Хакан М., кој веќе неколку месеци не примал плата, одлучил на несекојдневен начин да му се одмазди на шефот.

Хакан работел на ископување на јаглен, а откако повторно не ја примил платата за своето работење, седнал во багерот и му уништил пет камиони на својот работодавец.






Порталот „Хабертурк“ пренесува дека сопственикот на компанијата е всушност вујко на Хакан, а изнервираниот работник сакал да направи уште поголема штета, но луѓето го спречиле во одмаздувачкиот поход.

Овој инцидент, кој се случил пред еден месец, е снимен и објавен на социјалната мрежа ТикТок. За кратко време стана вирален.

Видеото за два дена собра 7,5 милиони прегледи и повеќе од 25.000 коментари. Многумина напишаа пораки за поддршка на Хакан.

 

@xalo.yilmaz0676sizce doğru birşeymi yaptı #işçiler #emekci #ekmekparası #inşaat #işçilerkardeşdir♬ orijinal ses – tiktokyayini

ФОТО: TikTok/xalo.yilmaz0676

Поврзани содржини