Брус Вилис исфрлен од продавница бидејќи не сакал да носи маска

955

Холивуската ѕвезда Брус Вилис бил замолен да напушти продавница во Лос Анџелес во понеделникот, откако тој одбил да носи маска, пишува „Пејџ сикс“, кој објави и фотографија од актерот во продавницата „Рите ејд“ без маска.

Извор вели дека луѓето во продавницата биле вознемирени затоа што 65-годишниот актер не носел маска, иако имал марам околу вратот која што можел лесно да ја навлече и да ја користи како маска.






Актерот наводно ја напуштил продавницата без да купи ништо.

Поголемиот дел од карантинот Вилис го помина со неговата поранешна сопруга Деми Мур и нивните возрасни деца, Скаут, Румер и Талула, а подоцна им се придружи сегашната сопруга на актерот, Ема Хеминг и нивните ќерки Евелин и Мејбел.

FOTO: BLACKGRID

Поврзани содржини