Холивудскиот актер Брус Вилис (65) ги поминува деновите во изолација заедно со поранешата сопруга Деми Мур и нивните три ќерки. Едната од нив покажала како татко ѝ, ѝ ја избричил главата.
Една од ќерките, 26-годишната Талула го објавила видеото од изолацијата на својот инстаграм-профил.
На снимката се гледа како Брус со електрична машинка во бањата ја стрижи Талула. Инаку, многумина забележале дека токму таква фризура во 1997 година носела нејзината мајка Деми Мур поради снимањето на филмот „Г. И. Џејн“.
„Изгледаш како Иванка Орлеанка“, се слуша нејзината сестра Румер (31), на снимката.
Талула својата нова фризура ја покажала и кога позирала топлес.
Брус Вилис и Деми Мур се разведоа во 2000 година, но останаа во одлични пријателски односи.