БРУС СПРИНГСТИН Е НАЈПЛАТЕНИОТ МУЗИЧАР ВО 2021 Во годината на пандемија „потежок“ за 590 милиони долари
Неговиот рокорден договор со „Сони мјузик“, чија вредност е проценета на 550 милиони долари, ја обележа најголемата продажба што еден музичар некогаш ја направил за својата дискографија.
Брус Спрингстин е прогласен за најплатениот музичар во 2021 година. Како што пишува магазинот „Ролинг стоун“, музичарот лани заработил 590 милиони долари, од кои повеќето ги заработил со значителната продожба на својот музички каталог.
Неговиот рокорден договор со „Сони мјузик“, чија вредност е проценета на 550 милиони долари, ја обележа најголемата продажба што еден музичар некогаш ја направил за својата дискографија.
Компанијата „Сони“ го доби сопствеништвото севкупниот каталог на музичарот, кој опфаќа 20 студиски албуми, 300 песни, седум ЕП, 23 плочи во живот и уште многу тоа, вклучувајќи ги и класиците како „Born to Run“, „The River“ и „Born in the USA“.
Овој договор со Спрингстин е сличен на оние што ги направија Боб Дилан, Блонди и Дејвид Боуви.
Првин беше објавено дека музичарот ветеран добил 500 милиони долари од продажбата, но поранешниот уредник на „Форбс“, Зек О’Мали Гринбург, тврди дека сумата од 550 милиони долари била генерирана со „пребарување јавни документи и интервјуирање поединци со директно познавање на големиот бизнис“.
Зад Брус Спрингстин е раперот Џеј Зи, кој заработи сума од 470 милиони долари.