БРУС СПИНГСТИН БОЛЕДУВА ОД ПЕПТИЧЕН УЛКУС Славниот пејач поради болеста ги одложи сите настапи
Брус Спрингстин ги одложи сите настапи од големата турнеја во САД до крајот на септември за да се посвети на лекување на болеста.
Познатиот пејач Брус Спрингстин ги одложи сите свои настапи во септември бидејќи мораше да се лекува од пептичен улкус, односно рани на слузницата на дигестивниот тракт. Веста беше објавена во изјавата на пејачот на социјалните мрежи, во која се вели дека докторите го советувале да одмори од настапите до крајот на месецот за да се фокусира на своето здравје.
„Овде во „E Street“ ни се крши срцето што мораме да ги одложиме овие настапи. Прво, им се извинуваме на нашите прекрасни фанови во Фили кои ни недоистасуваа пред неколку недели. Ќе се вратиме за да ги собереме тие настапи, а потоа и некои други. Ви благодариме за вашето разбирање и поддршка. Се воодушевивме на нашите концерти во САД и се радуваме на уште прекрасни времиња. Ќе се вратиме наскоро“ – напиша Спрингстин во својата изјава.
View this post on Instagram
Објавата доаѓа неколку недели откако The Boss откажа два концерти во Филаделфија поради неоткриена болест.
„Бидејќи Брус Спрингстин се разболе, неговите концерти со The E Street Band во Citizens Bank Park во Филаделфија на 16-ти и 18-ти август се одложени“ – споделија тогаш на Твитер.
Одложените концерти вклучуваат настапи во Сиракуза, Њујорк, (7 септември); Балтимор, Мериленд, (9 септември); Питсбург, Пенсилванија, (12 и 14 септември); Uncasville, Конектикат, (16 септември); Албани, Њујорк, (19 септември); Колумбус, Охајо, (21 септември); и Вашингтон, ДЦ, (29 септември).
Според најавите неговата турнеја треба да продолжи на 3-ти ноември во Ванкувер, но сѐ ќе зависи од тоа каква ќе биде здравствената состојба на пејачот.
Спрингстин и Е Стрит Бенд ја започнаа својата турнеја на 1 февруари оваа година во Тампа, Флорида. Оттогаш тие свиреа низ цела Северна Америка и Европа.